Тенис
25. March 2020 - 15:47

Федерер донираше милион за сиромашните Швајцарци

Тенискиот великан Роџер Федерер објави дека донирал еден милион франци за да им помогне на најсиромашните семејства во Швајцарија за време на коронавирусот.

Ова, како што напиша Роџер во објавата на „Инстаграм“, е само почеток на неговиот придонес за помагање во борбата против тешкиот непријател што ја води Швајцарија, како и сите земји во светот.