Loading Video...
Тенис
25. January 2020 - 16:48

Фаворитите без проблеми до осминафиналето на АО

Без изненадувања, минаа денешните мечеви на првиот Грен слем годинава, Австралија Опен, барем што се однесува до машкиот дел од турнирот,. 
 
Топ фаворитот Рафаел Надал му препушти само седум гема на сонародникот Карешо Буста, па во осминафиналето, Надал закажа меч со домаќниот тенисер Ник Киргиос кој по голема борба и пет одиграни сета од кои дури четири беа решени во тај-брејкот го совлада Русинот, Качанов. 
 
Во осминафиналната рунда ќе играат и (4.носител) Медведев, (5) Тием, (7) Зверев, (10) Монфис, (17) Рублев и (15-тиот) Вавринка чиј противники Иснер го предаде мечот на средината на вториот сет.