Loading Video...
Тенис
2. September 2022 - 17:52

Фаворитите без проблеми до 3.коло - Хрватката, Мартиќ ја елиминира 4.носителка Бадоса

Втор носител на УС Опен, Рафаел Надал се пласира во 3.коло откако во три сета го победи Фабио Фоњини. Иако Италијанецот лесно го доби првиот сет со 6-2, сепак во следните три резултатот беше сосема поинаков, а Надал ги доби со 6-4, 6-2 и 6-1
 
И неговиот сонародник, младиот Карлос Алкараз е во 3.коло до кое стигна со победата од 3-0 над Аргентинецот, Кориа
 
Сигурни победи во три сета остварија и Рубљев над Квон, Шварцман кој го совлада Попирин, хрватот Чилиќ кој го победи Винољас, како и Накашима кој го изненади Димитров. 
 
Кај дамите. Големо изненадување приреди Хрватката, Петра Мартиќ која ја елиминира 4.носителка Паула Бадоса со 2:1 во сетови
 
Пласман во третата рунда од носителките обезбедија, првата Ига Свјонтек која ја совлада Американката Слоан Стивенс, потоа 6-тата Русинката, Аријана Забаленка, која по голема борба и три одиграни сета ја елиминира Канапеи од Естонија. 
 
9-тата фаворитка Мугуруза од Шпанија и препушти само 4 гема на Фрухвиртова од Чешка, додека еден гем повеќе загуби 22-носителка Каролина Плишкова која во два сета ја доби сонародничката Бузукова.