Loading Video...
Свет
28. July 2020 - 12:28

Фаучи: Вакцината против коронавирус ќе биде достапна најдоцна во ноември

Вакцината против коронавирусот најверојатни ќе биде достапна во октомври или најдоцна ноември, најави директорот на американскиот национален институт за алергии и заразни болести Ентони Фаучи.

Тој претходно порача дека вакцината за Ковид-19 ќе биде „широко достапна“ и ќе биде на располагање на сите на кои им е потребна.

Во САД е започната последната фаза на клиничко испитување, во која учествуваат 30.000 доброволци.

Во светски рамки на вакцината работат над 150 компании, од кои 25 веќе ја тестираат на луѓе.

Грција од 1 август ќе отвори шест пристаништа за крузери, меѓу кои и најголемото пристаниште Пиреа, соопшти Министерството за туризам.

Постепно отварање за туризмот преку социјалните мрежи најави и премиерот Мицотакис, но со преупредување дека се уште постои опасност од корона вирусот.

Сепак, Атина воведе нова мерка за задолжителен негативен тест за сите кои ќе пристигнат во земјата со авион од Бугарија и Романија.

Негативен тест за Ковид-19 е задолжителен и за влез во Грција преку граничниот премин со Промахонас со Бугарија.

Севернокорејскиот лидер Кин Џонг Ун за време на прославата на 67-годишнината од Корејската војна, порача дека веќе нема да има војни сега откако имаат нуклеарно оружје.

-Сега кога имаме развиено нуклеарно вооружување добивме апсолутна сила да ги избегнеме сите војни судири, истакнал Џонг Ун.

Изјавата доаѓа во моментот кога се стопирани разговорите за уништување на нуклеарната и ракетна програма во замена за укинување на мегународните санкции кон оваа земја.