Македонија
14. October 2015 - 19:23

Фатен еден од групата рибократци на вливот на Црна Река во Вардар

Мрежи со вкупна должина од околу еден километар открија велешката полиција и спортското риболовно друштво Бабуна.

Опремата за рибокрадство е пронајдена кај вливот на Црна река во Вардар.

Во мрежите немало риба но од „Бабуна“ се сомневаат дека тие претходно биле неколку пати користени..

На местото била затекната група од четворица рибокрадци. Откако ја забележале рибочуварската служба, сите се обиделе да побегнат..

По документирање на случајот, постапката пред судот треба да ја води инспекторатот за рибарство.

Предвидени се парични казни и до 5 илјади евра..