Loading Video...
Ракомет
17. September 2020 - 13:37

Фантастичен гол на Манасков на гостувањето кај Лазаров

Кога сме кај ракометната Лига на шампиони го бележиме и дуелот на Нант и Веспрем, односно дуелот на македонските репрезентативци Кирил Лазаров и Дејан Манасков. 
 
Помладиот Манасков со својата екипа Веспрем се радуваше на победата на гостински терен кај Нант со 28-24. 
 
Манасков постигна пет голови за победничката екипа, а овој сигурно ќе биде еден од најубавите во воведното коло. 
 
А, исто така пет гола на спротивната страна постигна Кирил Лазаров.