Свет
27. November 2015 - 10:12

Фабијус смета дека сириската армија исто така може да учествува во борбата против ИД

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус по првпат ја дозволи можноста сириската армија да учествува во борбата против џихадистичката група „Исламска држава“.

Во борбата против ИД „има две серии од мерки: бомбардирања и учество на копнена војска, што не може да е наша, туку треба да се силите на опозициската Сириска слободна армија, на арапите сунити и зошто не и силите на режимот“ на претседателот Башар Асад, изјави Фабијус.