Loading Video...
Ф1
20. April 2020 - 15:43
Ф1: Силверстон подготвен да организира две-три трки редоследно
Се посериозни се и плановите да се започне новата сезона во Формула 1 шампионатот.
Откако излегоа информациите дека раководните луѓе на Формула 1 размислуваат за старт на новата сезона и тоа на почетокот на јули месец (5-ти), и тоа со две трки кои би се одржале во Мелбурн, Австралија, денеска се огласија и Англичаните, односно организаторот на трката на Силверстон.
Деновиве беше најавена и опцијата Англичаните да бидат организатори уште на една или две трки и тоа последователни трки, разбирливо, покрај вообичаеното британско Гранд-при.
Тие во моментов разговараат за предлогот со Формула 1.
Директорот на трката на Силверстон, Стјуарт Прингл, изјави дека планирањето и подготовките се веќе во тек, и дека се разговата со Формула 1.
Тоа би било подвиг и би го внел Силверстон во историјата како прв домаќин што би организирал две-три последователни трки.
Неофицијално, трките на Силверстон би се одржале во период од само еден месец, но повеќе од јасно е дека, најверојатно, кога и да започне Формула 1 шампионатот по се изгледа годинава ќе мине без присуство на публика.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->