Ф1
5. September 2020 - 19:59

Ф-1: Доминација на Мерцедес на тренингот во Монца

Светскиот првак Луис Хамилтон имаше извонреден ден во  Монца каде утре се вози ГН на Италија од шампионатот во Ф_1.  Британецот постави нов рекорд на патеката и по 94-ти пат ќе стартува од првата позиција.

            Негов најголем конкурент утре ќе биде колегата од Мерцедес Валтери Ботас кој го освои второто место. Ферстапен успеа да стигне само до 5-тото место додека повторно разочара Ферари чии пилоти Леклер и Фетел ќе започнат  од 13-тото односно 17-тото место.

 

Фото: ФФМ