Балкан
22. July 2020 - 16:39

Евзони единствен излез за Грција, превозниците ги бројат штетите

Од  денес па се до 4 август, граничните премини „Ники“ и „Дојрани“ ќе бидат затворени за патнички и товарен сообраќај, а одлуката е донесена согласно новите протоколи на грчката влада за рестриктивни мерки за Ковид-19. Сите патнички и товарни возила кои планираат да остварат влез и излез од и во Грција, тоа ќе може да го остварат само преку грчкиот премин „Евзони“. Од Макам Транс велат дека инфомацијата била дистрибуирана синоќа во 22 часот, а ја добиле од националниот центар за гранично управување. Според нив, затворањето на двата помошни премини ќе предизвика дополнителни трошоци на превозниците и чекање на граничните премини.

-Се појавија поплаки од оние кои не беа во можност да го продолжат патувањето, со помош на превозниците во Грција, успеавме преминот во Евзони да биде слободен. Утре сабајле се чекаат посебни процедури како ќе се врши превозот, изјави Билјана Муратовска, Генерален секретар на Асоцијацијата на превозници Макам Транс.

Муратовска вели дека уште од почетокот на пандемијата се бореле да укажат дека превозот на стока не смее запре, зашто тоа е основата и развојот на стопанството. Таа потенцира дека возачите не можат да бидат опасност за пренесување на вирусот, а досега немало ни таква информација дека некој од возачите е болен.

-Возачот е изолиран, сам во кабината, се движи по заобиколници, не е исто како превоз на патници. Постојат посебни протоколи кои возачите ги имаат од почетокот на март, со кој се објаснува како се врши превозот.

Според неа, државите мора да пратат информација барем еден ден претходно.

-Секоја процедура ќе се почитува, но барем еден ден однапред да се објавува, за да може сите да разберат и да се упатат на тие гранини премини, вели таа.

Инаку што се однесува за  граничниот премин „Меџитлија“, откако се отворија границите, фрекфенцијата е само 10% за разлика од бројката од минатата година истиот. Додека беше отворена, границата ја преминуваа грчки државјани во 90%, а останатите беа други европски државјани.