Европската сонда „Солар Орбитер“ ќе го набљудува Сонцето
Научниците денеска во Вселената ќе го лансираат леталото „Солар Орбитер“ што ќе го истражува Сонцето, за да може подобро да се разбере.
Сондата на Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе биде лансирана вечерва од космодромот Кејп Канаверал, на Флорида, во соработка со американската вселенска агенција НАСА.
Сондата со себе ќе носи десет научни инструменти, со 209 килограми корисна носивост.
Откако ќе ја мине орбитата на Венера и потоа и на Меркур, сателитот, чија максимална брзина ќе изнесува 245.000 километри на час, ќе може да се приближи до Сонцето на 42 милиони километри, што претставува помалку од третина од одалеченоста на Земјата од Сонцето, пренесе Индекс.хр.
Собраните податоци ќе се споредуваат со оние од сондата на НАСА, „Паркер“, што беше лансирана во 2018 година, која многу повеќе му се доближила на Сонцето (на седум до осум милиони километри), но нема технологија за директно набљудување, бидејќи температурата на таа одалеченост е превисока.
Ново на Сител
-
Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024
-
Облачно со повремени врнежи од дожд и снег
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици