Македонија
9. May 2021 - 16:37

Европската комисија планира преговори и со Македонија и со Албанија, вели ЕУ амбасадорот Гир

На само стотина метри оддалеченост, во центарот на Скопје, Руската амбасада го прослави Денот на победата над фашизмот а Европската делегација Денот на Европа. Двата настани беа толку блиску што во еден момент руската химна ја прекина прес-конференцијата организирана од европските претставници во земјава.

Пораките сепак различни. Амбасадорот Баздникин порача дека Русија нема да дозволи да се преминуваат црвените линии и да биде загрозена глобалната безбедност.

Од Европската делегација пак појаснување, што мислел Вархеји со изјавата дека е можно Албанија да ги започне преговорите со ЕУ пред Македонија, која е блокирана од Бугарија поради историскиот спор.

„ЕК работи за да се постигне согласност за меѓувладини конференции за двете земји – и за Северна Македонија и за Албанија, меѓутоа, сè уште не сме стигнати до таму. Се разбира, одвојувањето е и прашање со кое треба да се занимава и Европскиот совет, тука се 27 земји членки кои треба да дебатираат за тоа прашање“.

Вицепремиерот Димитров очекува работите да станат појасни по утрешната средба на премеирот Заев со шефицата на ЕК Фон Дер Лајен во Брисел.

Огромно мнозинство земји членки сакаат годинава што е можно побрзо да поченеме преговори и ние, и нашите соседи во Тирана. Моето разбирање е дека тоа е ставот и на ЕК, која впрочем тоа и го препорача во својот извештај и пакет за проширување од октомври минатата година.

На истата тема и првиот вицепремиер Груби со мислење дека не смее да има одвојување на двете земји кандидатки.

На денешниот ден на Европа евроамбасадорот Гир и вицепремирот Димитров ја посетија канцеларијата на Еко пошта финанисрана со европски средства.