Европол предупреди на лажни вакцини против Ковид-19
– Европската полициска служба (Европол) предупреди денеска за опасност од измами за организиран криминал, поврзани со вакцините против Ковид-19, вклучувајќи и можност криминалци на продаваат лажни вакцини или да крадат пратки со вистински.
Европол посочува дека криминални групи веќе се подготвуваат да ги искористат можностите што ги дава пандемијата на коронавирусот.
– Веднаш откако на пазарот ќе влезе вистинска вакцина, се очекува брзо да се појават и прошират нејзини фалсификувани верзии, се вели во соопштението на службата. Како пример се наведува лажната вакцина против грип, која Светската здравствена организација (СЗО) ја откри во Мексико во октомври.
На истиот начин можат да се појават и „лажни вакцини против Ковид-19, што претставува огромна закана за јавното здравје, бидејќи тие во најдобар случај можат да бидат неефикасни, а во најлош случај токсични, имајќи предвид дека ќе се произведуваат во нелегални лаборатории без придржување кон хигиенските стандарди“, посочува Европол. Во документот се предупредува дека „лажните вакцини може да имаат уште посериозен негативен ефект доколку се појават нови епидемиски бранови во заедници, кои се претпоставува дека се вакцинирани“.
Европол повикува на внимателност, бидејќи е можно криминалци да се вмешаат во развојот и дистрибуцијата на вакцините. Се очекува зголемување на опасноста кога вакцините ќе бидат достапни.
Европол предупреди, исто така, и дека има информации за криминални групи кои рекламираат купување преку Интернет на таканаречената мрачна мрежа, „користејќи ги логоата на вистински фармацевтски компании кои се во завршна фаза на тестирањата на своите вакцини“. Исто така, можно е криминалците да ги собираат и повторно да ги полнат употребените шишенца со вакцини, доколку тие не бидат правилно уништени.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација