Кошарка
23. March 2020 - 16:10

Евролигата нема да стави крај на тековната сезона, ќе се доигра до крај

 
 
Раководството на кошаркарската Евролига планира да ги одигра сите преостанати натпревари од тековната сезона. 
 
Во Евролигата не планираат да стават крај на сезоната, напротив, размислуваат како да бидат доиграни сите преостанати натпревари. 
 
Доколку е потребно, календарот ќе биде набиен. Сепак, нешто конкретно може да се каже само кога ќе постои сигурност за продолжување на натпреварувањето, истакнуваат од Евролигата, потенцирајќи дека доколку е потребно, календарот ќе биде набиен, а сезоната ќе заврши подоцна од планираното. 
 
Станува зборт за натпревари од регуларниот дел од сезоната во кој има уште  шесте кола, а потоа и плеј-офот однопсно како и завршниот Фајнал-фор турнир, кој сосема извесно е дека нема до са одржи кон крајот на мај месец. 
 
Од лигата информираат дека сите навивачи кои купиле карти за Ф4 турнирот, а доколку истиот не се одржи парите ќе им бидат вратени.