Балкан
10. October 2016 - 23:47

Еврогрупата одобри исплата на 1,1 милијарда евра за Грција

Еврогрупата на денешната седница во Луксембург одлучи да се подели на две транши сумата од 2,8 милијарди евра, која е предвидена за Грција во рамки на третиот спасувачки пакет финансиска помош, договорен со европските кредитори.

Министрите за финансии од еврозоната одобрија исплата на 1,1 милијарда евра и побарале да се преразгледа исплатата на остабатите средства (1,7 милијарди евра).

Се очекува министрите во текот на овој месец да се изјаснат и за втората транша.