Бизнис
3. December 2021 - 19:45

Евидентните листови за продажба на кеси ќе им создадат потешкотии во работењето на трговците

Евидентните листови за продажба на кеси кои ќе треба да ги пополнуваат трговците за во животна средина, ќе им создадат потешкотии во работењето. Според сметководителите, особено ќе бидат погодени помалите продавачи. 

Сметаат дека законот за пластични кеси со кои веќе трет ден тие се наплаќаат  по 15 денари е избрзан и има низа пропусти.

Според сметководителите тешко ќе биде и спроведувањето на инспекциските контроли. Од пазарен инспекторат за Сител велат дека се во процедура на разгледување на законските прописи со цел правилно постапување при вршење на контроли и надзор врз субјектите опфатени со овој закон, а кој се во доменот на пазарниот инспекторат.

Од животна средина објаснуваат дека трговците ќе водат месечна евиденција за продажба на кеси, а до нив извештаите ќе ги доставуваат на три месеци. Во следните  денови ќе објават и жиро сметка, каде ќе се уплаќаат дел од средствата од продажба, кој според министерството ќе се слеваат во фонд и ќе се користат за инвестиции во животна средина.

Со законското решение, 15 денари се наплаќаат кесите во сите продавници, пекари, киосци за брза храна, зелени маркети, бензиски станици. Овој надоместок не важи за кесите за ѓубре, за оние во книжарниците, бутиците, продавници за алат, за електронска опрема, покуќнина, занаетчиски дуќани. А се забранува и користење на пластични пакувања за еднократна употреба во  угостителските објекти во заштитените подрачја.