Еурофарм Работник преку Нексе за четвртфинале против Вардар во СЕХА лигата
Ракометарите на Еурофарм Работник со убедлива победа на гостувањето во Москва кај Спартак со 33-21 ја завршија групната фаза. Четирите победи и шесте порази го рангираат битолскиот тим на 4 место на табелата во Б групата.
Така Еурофарм Работник за противник за осминафиналето ќе го има хрватскиот тим Нексе кој го освои 5.место во А групата, а кој пак попладнево во Нашице го пречекува Вардар.
За Вардарци овој меч е без резултатско значење бидејќи актуелниот СЕХА шампион веќе одамна има обезбедено директен пласман во четвртфиналето.
Токму овие три тима ќе бидат и во фокусот на вниманието на македонската јавност бидејќи победникот од осминафиналниот дуел меѓу Еурофарм Работник и Нексе во четвртфиналето ќе оди на мегдан на Вардар.
Средби од осминафиналната рунда се закажани за почетокот на февруари месец следната година.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар