Ракомет
2. December 2020 - 0:08

Еурофарм Пелистер го претрпеа и третиот пораз во ЕХФ Европската Лига.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа и третиот пораз во ЕХФ Европската Лига. 
 
Во натпревар од групата Д одигран во Љубљана, битолскиот тим загуби од екипата на Тримо Требње со 28-24 полувреме 14-12, во четвртиот свој меч од новоформираното натпреварување. 
 
Во тимот на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Мандалиниќ со пет гола, а кај пет гола  постигна Поточникдодека голманот Александар Томиќ со 14 одбрани беше најзаслужен за втората победа на екипата од Словенија.
 
Како потврда на одличниот настап на домашниот голман доаѓа и изјавата на тренерот на Еурофарм Пелистер,  Жељко Бабиќ, кој по натпреварот причината за поразот га гледа пред се во лошата реализација. 
 
„Особено во првиот дел многу промашивме и тешко е да се игра во Европа ако се шутира толку лошо. Чувствувавме притисок и мора нешто да сменам за натпреварот по седум дена“, изјави Бабиќ.  
 
Мартин Велковски само надополни дека и одбраната требала да биде на повисоко ниво. 
 
„Се боревме двете екипи. Но, едноставно нивниот голман имаше одличен ден. На спротивната страна примивме дури 28 голови, што е премногу доколку сакаме да победиме на страна (на гостински терен)“, изјави Велковски
 
Доклку битолчани сакаат да ги сочуваат шансите за нокаут фазата, веќе по седум дена (8 декември) ќе мораат да одиграат многу поквалитетно и тоа дуелот против истиот противник, но на домашен терен. 
 
Потсетување дека пласман во следната, елиминациска фаза ќе обезбедат четирите прворангирани екипи од четирите групи. 
 
Лидер на табела во Д групата е Рајн-Некар Левен со максимални 6 бодови (по 3 одиграни натпревари), на по Германците се Тримо Требње со 4 бода (2 натпревари), Кадетен Шафхаузен 3 (2), ГОГ 2 (3), Еурофарм Пелистер 1 (4) и Табања без освоен бод по два одиграни меча.