Свет
18. February 2020 - 8:22

ЕУ воведува правила за вештачка интелегенција

Европската унија ќе ги повика властите и деловните субјекти да размислат внимателно пред да воведат технологија за препознавање на лицето. Европската комисија утре ќе ја постави сцената на европските правила за иновации, сектор во кој доминираа досега САД и Кина.

Комисијата, моќен регулатор на ЕУ, сака да одговори на загриженоста на европските граѓани за зголемената важност на вештачката интелигенција во нивните животи, во момент на извештаи од Кина за употреба на технологија за препознавање на лицето.

– Она што го видов во Хонг КОнг е исклучително застрашувачки, изјави потпретседателката на Комисијата и комесар за дигитална политика Маргарет Вестагер.

– Луѓето добиваа поракаа: Знаеме дека сте тука, можеби треба да се вратите дома. Тоа баш и не е повик за слобода на собирање или изразување, рече Вестагер, опишувајќи го бранот протести против Пекинг.

Но, наместо директна забрана или мораториум, за што е потребна поддршка од земјите-членки, Вестагер изјави во Брисел дека ќе им препорачаат на властите и деловните субјекти.