ЕУ се приближува до компромис за дигиталните „пасоши“ за Ковид-19
Земјите членки на ЕУ ги испеглаа главните технички разлики околу предлогот на Европската комисија за Дигитален зелен сертификат кој треба да овозможи повторно слободно движење во Унијата, јави дописничката на МИА од Брисел.
Претставниците на земјите членки се договорија за структурата на податоци и механизмите за кодирање кои ќе овозможат читање на информации дигитално и на хартија. Постигната е согласност и за принципите на порталот на ЕУ преку кој ќе се споделува клучевите за електронски потпис, со што се гарантира автентичноста на документот. Европската Унија гарантира дека ниеден личен податок нема да транзитира преку овој портал.
Иако станува збор за технички детали, а не за сеопфатен политички договор сѐ уште, Европската Комисија го поздрави брзиот напредок на земјите членки месец дена откако таа го поднесе предлогот за овие сертификати.
За потсетување, дигиталните зелени сертификати ќе содржат информации за тоа дали лицето е вакцинирано, или дали има прележано Ковид-19, или во трет случај дали има негативен ПЦР тест, за да може да патува слободно преку границите на ЕУ.
-Денеска е клучен миг за етаблирањето на инфраструктурата на Дигиталните зелени сертификати на ниво на ЕУ. Овие препораки, усвоени едногласно од страна на националните експерти, покажуваат дека земјите членки се посветени и подготвени и ќе им ги обезбеди потребните детали за брза имплементација, изјави еврокомесарот задолжен за внатрешниот пазар на ЕУ, Тиери Бретон.
Тој додаде дека од страна на Европската Комисија системот ќе биде спремен на први јуни и ќе ги чекаат земјите членки да се конектираат за да може сѐ да биде оперативно од почетокот на летото и туристичката сезона.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово