Loading Video...
Свет
22. April 2021 - 16:32

ЕУ подготвува правна постапка против АстраЗенека

Европската комисија ќе го тужи производителот на антиковид вакцини АстраЗенека поради непочитување на договорот за испорака на договорените дози на вакцини.

Веста ја пренесе Политико, повикувајќи се на пет неименувани европски дипломати.

ЕУ е лута, бидејќи однесувањето на АстраЗенека влијае на кампањите за вакцинација низ целата унија, пишува бриселскиот магазин.