Loading Video...
Балкан
19. February 2021 - 16:33

ЕУ незадоволна од справувањето на Бугарија со расизмот и омразата кон странците

ЕУ е незадоволна од тоа како Бугарија се справува со расизмот и омразата кон странците. На Софија и е даден рок од два месеца да го усогласи своето законодавство со европското во борбата против расизмот, говорот на омраза, ксенофобијата. Брисел смета дека во Бугарија нема законска рамка која гарантира правично судење за инцидентите од овој вид. Говорот на омраза е голем проблем. ЕУ и забележува на Софија дека не го санкционира говорот на омраза кој понатаму продуцира насилства и инциденти. Брисел е особено загрижен поради последните нацистички испади во Софија. Минатата недела неонацистите во престолнината се собраа во знак на почит кон генералот Христо Луков познат по својата антисемитски и нацистички активности, иако софиските власти го забранија собирот и дозволија само поставување на венци и цвеќиња на симпатизерите на генералот. Сепак и покрај забраната се појавија крајните десничари, а инцидентот беше осуден од странските амабасадори во земјата, дел од политичките партии и борците за човекови права.

Бугарија е често критикувана поради својот однос кон малцинствата во Европскиот Парламент, но и во Советот на Европа. Ваквите случаи завршуваат пред Европскиот суд за човекови права, но и покрај тоа Софија продолжува со  политика на дискриминација.