Балкан
27. November 2015 - 12:36

ЕУ и се закани на Грција со исклучување од Шенген, за да прими помош од Фронтекс

ЕУ ќе и се закани на Грција со исклучување од Шенген зоната, за да прими помош од Еврopската агенција за управување на надворешните граници на Фронтекс, се посочува во информација на британскиот весник „Фајненшел тајмс“.

Според весникот, високи претставници на ЕУ сметаат дека тоа е единствен начин да ја убедат Атина да побара помош од Фронтекс за заштита на своите граници. 

Тие стравуваат дека Грција и Италија нема да ги применат законите, кои би создале „зона за заштита“ на ЕУ од имигрантите.

Грција е „Ахилова пета“ на Шенген зоната и несомнено најмалку способната членка на ЕУ, се наведува во написот.

- Која и да е држава би имала тешкотии да се справи со потокот на имигранти, кои пристигнуваат на островите на Грција од соседна Турција. Неспособноста на Атина, меѓутоа, да ги затвори границите или да ги регистрира имигрантите се претвора во пародија на принцип, дека првата земја за мигрантите е земјата, одговорна за судбината на секој од нив, наведува весникот.

Наместо тоа, Атина им доволува на мигрантите да го продолжат патувањето, за да се претворат во проблем на некој друг, пишува „Фајненшел тајмс“.

- Тој недостиг на одговорност е главната причина, поради која Шенгенскиот договор почнува да се распаѓа, изјавил за весникот висок европски претставник.