Loading Video...
Балкан
7. November 2022 - 16:54

ЕУ и САД повикуваат на одговорно однесување во Косово

Излегувањето на српските претставници од косовскиот парламент и институциите предизвика уставна криза на Косово и ја отвори вратата за можни предвремени избори.  Со ова се согласуваат експерите во Белград и во Приштина.  Се согласуваат и дека со овој потег се минира француко геманскиот предлог за договор мегу двете страни. Наместо на решение,  очите  на мегународната заедница  сега се вперени на теренот.  САД и ЕУ  и денеска побараа од косовските власти  да ја одложат одлуката за пререгистрација , а од  Србите да се вратат во институциите.  Предупредуваат се работи за безбедносна закана за целиот регион.

Белград пак побара безбедносниот вакум направен со заминувањето на полицајците Срби да биде заменет со пропадници на Еулекс и Кфор, за да не се дозволи влегување на косовската полиција на северот.

Од   Приштина пак порачуваат дека нема да дозволат  бојкотот на Србите  да го дестабилизира системот. Спикерот на косовскиот парламент  вети дека  ке се пополнат испразнетите  места, но не преку  нови избори бидејки тоа ке значи победа за  Вучиќ.

Оставките на пратениците од Српската листа се достАвени, и во ситуацијава нема друг избор освен да работиме според законот а тој е јасен. Нивните оставки се неотповикливи и затоа ке продолжиме споед законот, а тој вели дека тие ке бидат заменети со следните од листата.

Во косовскиот парламент  има 10 загарантирани места за српската заедница, застапеност  во Владата и институциите