Македонија
1. April 2020 - 9:59

ЕСМ, МЕПСО и ЕВН да се договорат домаќинствата да имаат 24 часа евтина струја на располагање

За време додека ќе трае вонредната состојба, поради коронавирусот, добар и хуман гест е на граѓаните да им се овозможи електрична енергија по ефтина тарифа во текот на 24 часа.

Имер Зенку, експерт по Енергетска економија на Тетовскиот универзитет вели дека една ваква одлука ќе биде од голема помош за семејствата без финансиски приходи, со минимални приходи и на оние со средни приходи.

Ова може да се постигне преку договор на трите енергетски компании во земјата, за производство ЕСМ, пренос МЕПСО и дистрибуција ЕВН, во соработка со Владата на Македонија. На крајот на краиштата, морална и човечка обврска е на сите, а особено на Владата, да се помогне на  граѓанинот.

Сите оние кои ќе трошат електрична енергија над утврдената количина, се смета дека припаѓаат на еден побогат слој и таа енергија природно дека ќе треба да ја платат по скапа тарифа“, вели професорото Имер Зенку.