Бизнис
18. January 2022 - 16:33

ЕСМ го презема работењето со топланите од 21 јануари, нема пресметка колку пари ќе бидат потребни

Од 21 јануари ЕСМ го презема работењето на БЕГ и Топлифкација Скопје Север. Ова се предвидува со кризната состојба на пазарот со топлинска енергија која владата ја прогласи вчера. Колку пари ќе не чини оваа криза нема точна пресметка. Се ќе зависи од тоа како ќе се движат берзанските цени на гасот. Засега предвидени се 6 милиони евра за покривање на трошоците на снабдувачите со топлиснка енергија, но министерот Бектеши уверува дека во буџетот има пари, ако бидат потребни повеќе.

Сите трошоци пак кои БЕГ и Скопје Север ќе ги направат до 21 јанаури до нивното преземање, ќе треба да најдат начин самите да ги платат.

За два дена граѓаните ќе имаат парно и до 1 часот по полноќ. Бектеши уверува дека проблеми до крајот на грејната сезона нема да има. Кризната состојба е во времетраење од 30 дена.