Loading Video...
Балкан
20. March 2023 - 16:33

Ескобар: Договорот Курти - Вучиќ е обврзувачки независно од потписите

За САД нема дилема дека договорот и анексот за нормализација на односите мегу Србија и Косово кој беше усогласен во Охрид е легално обврзувачки, иако ниедна од страните не стави потпис врз него. 

Специјалниот претставник на Стејт департментот Ескобар  потенцира дека цел на договорот не е  признавањето на Косово,  туку нормализација на односите мегу Белград и Приштина, за да не се повторат проблемите како оние со регистрациите и барикадите, ситуации кои можат да прераснат во дестабилизација.

Ескобар се  надева дека Курти и Вучиќ ќе го следат примерот Заев и Ципрас кои го потпишаа Преспанскиот договор и ке придонесат кон стабилизација и интеграција на регионот во европското семејство.

САД очекуваат дека Косово  и Србија целосно ке се посветат на договореното во Охрид, и дека во иднина ке има уште вакви средби под силна заложба на европските челници за интеграција на двете страни во ЕУ.