Loading Video...
Ракомет
10. January 2020 - 18:23

ЕП: Македонија стартува против Украина

Со вечерашниот дуел против Украина, македонските ракометари ја почнуваат 6.та епизода учества на ЕП. На досегашните пет натпревари во првото коло имаме една стартна победа пред две години во Загреб против Словенија (25:24). Во Ниш 2012 година со Шведска одигравме нерешено, а три порази имаме во Мерано 1998 од Унгарија, 2014 во Хернинг од Данска, а 2016 во Краков од Франција. 
 
На ова Европско прв ривал ни е Украина селекција која по 10 години повторно е учесник на Европско првенство. Како што потенцираше и нашиот капитен Кирил Лазаров токму од таа причина што Македонија има девет учества во серија на големите натпреварувања е благ фаворит, но најважно е да се освојата двата бода.
Токму оваа генерација македонски ракометари има победа и реми со Украина во квалификациите, а вкупниот биланс ни е 1 победа, 1 пораз и два нершени резултати. Еден од водечките играч на денешниот ривал е играчот на битолски Пелистер Еурофарм Владислав Остоусшко.
Македонските ракометари и вечерва од Виенер Стадхале ќе имаат поддршка од голем број македонски навивачи нешто слично како и на досегашните европски и светски првенства кои се играат во европските држави. 
 
Од Виена
Марјан Ников