ЕП 2020: Убедливи победи на Холандија и Русија
Фудбалерите на Холандија победија во Белорусија 2:1 и направија уште еден чекор кон пласманот на ЕУРО 2020.
Холанѓаните ја забележаа петтата победа во Ц-групата и со 15 бода се наоѓаат на чело на табелата.
Во Минск Холандија поведе со 2:0 со головите на Вајналдум. Играчот на Ливерпул головите ги постигна во првите 40 минути. Конечниот резултат го постави Станислав Драгун во 54 минута.
Во Е-групата Унгарија минимално го совлада Азербејџан со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Михаљи Корхут во десеттата минута.
Во И-групата се одиграа три натпревари. Русија победи на Кипар со 5:0, а со 2:0 Белгијците славеа во Казахстан, додека Шкотска очекува го победи Сан Марино со 6:0.
Черишев. Озгоев, Дзјуба и Головин постигнаа по еден гол, а серијата ја заврши играчот што ја почна, Черишев.
Шкотска го декласира Сан Марино, а хет-трик постигна Мекгин.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата