Емануел Макрон и Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори во Франција
Емануел Макрон и Марин Ле Пен ќе се најдат во вториот круг од претседателските избори.
Првите резултати од претседателските избори во Франција покажуваат дека во вториот круг од изборите ќе одат актуелниот претседател, центристот Емануел Макрон и кандидатот Марин Ле Пен. Макрон освоил меѓу 28,6 и 29,7 насто од гласовите, а Марин Ле Пен меѓу 23,5 и 24,7 проценти.
Трет е кандидатот на радикалната левица Жан-Лук Мелешон со околу 20 насто од гласовите.
Во првиот круг во трката претседател на Франција имаше 12 кандидати.
Емануел Макрон им се заблагодари на гласачите што го поддржаа да влезе во вториот круг од претседателските избори во Франција и ги повика да го блокираат доаѓањето на власт на екстремната десница, посочувајќи дека „сѐ уште ништо не е решено“ на француските избори.
Ново на Сител
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот
-
Македонец за 3,000 евра месечно отишол да се бори за руската војска во Украина
-
Пуштено во употреба метрото во Солун
-
Уапсени велешани со еден килограм кокаин | ФОТО