Loading Video...
Свет
7. April 2021 - 21:18

ЕМА не даде препораки за Астра Зенека, туку само констатации за поврзаност на вакцината со тромбоза

Европската здравствена агенција потврди дека постои врска меѓу вакцината на Астра Зенека и случаите на згрутчување на крвта. Се работи за ретки нуспојави велат европските експерти, според нивни проценки, еден случај на 100.000 имунизирани со британската вакцина. Според нив, овие тромбози најверојатно се јавуваат како имунолошки одговор по првата доза на Астразенека.

И покрај ваквите случаи на тромбоза, Европската Агнеција смета дека севкупната  корист од вакцинирањето со Астразенека е поголема отколку ризикот. Но, експерите препорачуваат лицата кои се вакцинираат да бидат будно следени во деновите и неделите по имунизацијата.

Поради ваквиот ризик, некои  земји како Канада, Франција и Германија, одлучија британската вакцина да не ја даваат на помладите, додека пак Норвешка, Данска и Исланд целосно ја забранија. И македонските здравствени власти привремено одлучија да ги имунизираат само граѓаните над 60 години со Астразенека, се додека не ги слушнат препораките на ЕМА. Претходно, министерот Филипче вети дека по конференцијата на европската агнеција ќе има одлука.

Во меѓувреме, британските регулатори за разлика од ЕМА, донесе одлука на помладите од 30 години да им се понуди друга вакцина. До крајот на март во Велика Британија се пријавени 79 случаи на тромбоза од кои 19 со смртен исход.