Свет
20. April 2021 - 8:22

ЕМА ќе се изјасни за вакцината против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска ќе го објави своето мислење за вакцината против ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“, чија употреба е привремено суспендирана во САД и во Европа поради појава на тромбоза.

Здравствените власти на САД на 13 април ја стопираа имунизацијата со Џонсон и Џонсон откако кај шест жени на возраст од 18 до 48 години по вакцинацијата се појави згрутчување на крвта, а едно лице почина.

Медицинскиот советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, во неделата изјави дека вакцината на Џонсон и Џонсон повторно ќе се употребува но со можни ограничувања..

Тој истакна дека згрутчувањето на крвта е многу ретка појава и објасни дека вакцинацијата е привремено прекината, за експертите да можат да ја разгледаат ситуацијата и да се осигурат дека ги имаат сите потребни информации.