Македонија
12. May 2021 - 12:48

Експресниот пат Штип-Радовиш во употреба до крајот на мај

Првата делница од експресниот пат Штип-Радовиш, од мостот на река Брегалница до клучката кај рудникот „Бучим“ ќе биде пуштена во употреба до кројат на месец мај, најави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Делницата е во должина од 24 километри. 

- Во моментов се прават последните извештаи на Надзорните органи, пред пуштањето на првата делница Штип-Радовиш, со којашто сакам да кажам ќе се избегнат најлошите црни точки на овој пат, односно на стариот постоечки пат, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врески 

Втората фаза од проектот предвидува изградба на експресен пат до клучката кај Три Чешми во должина од 5 километри и од „Бучим“ до Радовиш, дополнителни 10 километри. Паралелено се работи и на ставање во функција на регионалниот пат Крупиште – Пробиштип, кој беше темелно реконструиран.

- Оваа пролет ќе означиме старт,  отворање и пуштање во употреба на два нови патни правци во источниот регион- додаде Бочварски

Првата делница од експресниот пат Штип- Кочани, односно од Три Чешми до с. Крупиште е веќе функционална.