Бизнис
29. May 2020 - 16:46

Експертите за приватност алармираат - угостителите не смеат да легитимираат граѓани и да утврдуваат крвно сродство

Келнер, менаџер во кафуле не е службено лице и не смее да бара лична карта. Експертите за заштита на лични податоци коментирајќи го протоколот за работа на угостителските објкети објаснуваат дека не е проблем само тоа што вработените таму не смеат да бараат лични карти туку и тоа што со увид во лична карта се потврдува само идентитетот на лицето, а не дали е во крвно сродство со тие со кои сака да седи во кафана.

Пецова објаснува дека легитимирањето на малолетници е сосем друга работа. Во тој случај вработени смеат да побараат документ затоа што имаат оправдана причина за тоа. Во случај кога има претходна причина легитимирање освен полиција смее да изврши и обезбедувањето на објектот.

Од вчера угостителските објекти повторно може да работат, но по строги правила кои предвидуваат дека на една маса може да седат четворица само ако се од исто семејтво.