Македонија
29. May 2020 - 19:45

Експертите сметаат дека АНБ се уште може да го злоупотреби прислушувањето

Со моменталната законска поставеност во безбедносниот сектор и натаму постои можност за злоупотреби при прислушкувањето. Експертите се загрижени околу фактот дека Агенцијата за национална безбедност може да следи комуникации и да поседува опрема за прислушкување, спротивно на првично замислената реформа.

Законот е донесен со компромис од двете најголеми партии, а во него се остава можност поранешната УБК да ја користи оваа опрема, без посредство на Оперативно техничката агенција.

Дополнителна загриженост кај познавачите е и нефункционирањето на надзорните тела, посебно во услови на вонредна состојба.

Од Советот за граѓански надзор - единственото неполитичко тело кое според Законот треба да врши надзор над тоа, кој се се прислушкува во земјава, на неколку пати досега реагираа дека не им се обезбедени услови за работа.

Велат дека се соочуваат со бројни опструкции, за кои се информирани сите релевантни фактори во земјава и во странство.

Николовска вели дека единствен разумен аргумент за нефункционалноста на Советот е дека има субјекти кои не сакаат негово работење, односно контрола на институциите кои вршат прислушкување.

Дополни дека ќе постават рок до кој треба да им се обезбедат услови за работа, а во спротивно ќе следуваат оставки од членовите.   

Прашањето за евентуалните злоупотреби околу прислушкувањето вчера го отвори министерот Чулев, кој рече дека спротивно на Законот, АНБ и натаму има можност да прислушкува.

Од Агенцијата демантираа дека поседуваат таква опрема, а премиерот надополни дека сите истраги и постапки се водат според Законот.