Бизнис
18. October 2019 - 17:27

Експерти: По европското ,,не‘‘ владата ќе води изборна наместо развојна економија

Стопирање на инвестициите, фокус на политиката наместо на бизнисот, засилена политичка борба, со оглед дека наредната е изборна година, која дополнително ќе ги забави владините  трошењата, ќе ги одолговлечи  започнатите инвестиции  и ќе ја доведе во прашање прогнозираната стапка на раст, што пак   дополнително ќе се оздрази и врз стандардот на граѓаните. Ова е ставот на експертите по Европското Не за старт на преговорите за влез во Унијата. Бараат Владата да се води од Развојна, а не Изборна економија.

Не е потребна Влада водена од Изборна економија, која со популистички мерки сака да ги придобие гласовите од народот. Јас сум против популистичките мерки, затоа што тие не даваат резултати на долг рок, изјави Зоран Ивановски, универзитетски професор

Последното зголемување на минималната плата е една таква полулистичка мерка, додава  Ивановски. Тоа може да ја зголеми потрошувачката, која влија врз растот на економијата, но нема точни анализи за  колку ќе ја зголеми. Доплнително  постои ризик  за зголемување на невработеноста , со оглед на тоа дека ќе дојде до отпушатање  на дел од вработените и стимулирање младите наместо на факултут да се најдат на листата невработени – барајќи работа.

Затоа бара при носење на законите, да се консултира бизнисот.

Ниту еден закон не дава економска анилиза. Чудно е што се зборува само за фискални импликации врз буџетот. Но кој го интерсира тоа? Она што ги интересира ѓраѓаните и бизнисот е што ќе добијат тие, какви ефекти ќе има врз  нив таквата мерка?, додава Ивановски

Датумот ќе беше дополнителен мотив за инвеститорите , како за домашните, така и за странските, да вложат или да го прошират бизнисот. Сега повторно ќе има неизвесност,  која што ги плаши да инвестираат.