Македонија
5. December 2019 - 15:59

Еколошка акција во Општина Кисела Вода

По повод Меѓународниот ден на волонтерите – 5 декември, Општина Кисела Вода денеска во соработка со Волонтерскиот центар Скопје и Американ Корнер спроведе еколошка акција, насловена „Волонтирај за земјата“.

Како што информираат од Општината, во активностите за чистење се приклучија и волонтери од движењето „Не биди ѓубре“ и  ученици од Средното економско – правно училиште, „Васил Антевски – Дрен“.

Сезонските работници на Општината заедно со волонтерите расчистуваа отпадоци на повеќе локации во урбаната заедница „Цветан Димов“. Додека учениците од средното економско училиште го исчистија училишниот двор.

Општина Кисела Вода, се наведува во соопштението, и во иднина ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи кои имаат за цел зачувување на животната средина.