Loading Video...
Ракомет
9. October 2021 - 18:27

ЕХФ потврди: Скопје домаќин на Ц групата на ЕП за ракометарки

Во рамките на репрезентативната недела се играат натпреварите во ЕХФ Купот во кој настапуваат трите земји домаќини на следното ЕП, Македонија, Црна Гора и Слованија, како и актуелниот првак Норвешка. 
 
Нашите ракометарки го играат двомечпот со Црногорките од кои пред два дена во Скопје загубија со 21-29, а утре гостуваат во Подгорица. 
 
Дуелите против Црна Гора како и оние против Словенија и Норвашка ќе бидат добра можност за помладите избранички на селекторот Љубомир Савсвски да стекнат поголемо искуство, а воедно репрезентацијата да се воигра за следното ЕП. Утрешниот меч меѓу Црна Гора и Македонија ќе се игра во терминот од 20 часот и 30 минути, а од 17:30 својата втора меѓусебна пресметка ќе ја играат Норвешка и Словенија. 
 
Што се однесува до Европското првенство. ЕХФ денеска објави дека во првата фаза Скопје ќе биде домаќин на натпреварите од Ц групата во која ќе настапува Македонија, додека во словенечките градови Љубљана и Целје ќе се играат натпреварите од А и Б групите, а Подгорица ќе биде домаќин на Д групата. 
 
Вториот дел од шампионатот ќе продолжи во Скопје и Љубљана кои ќе бидат и домаќини на четвртфиналната фаза по групи, а завршницата, ќе се игра во словенечкиот главен град. 
 
Женското Европско ракометно првенство на програмата е од 4 до 20 номеври следната година.