Ракомет
25. March 2020 - 20:03

ЕХФ објави план за финиширање на сезоната

Како и сите федерации и европската ракометна бара начин како да се заврши сезоната во европските купови за што денеска ЕХФ објави и план кој е доставен до националните федерации и клубовите. 
Доколку  се обезбедат услови  планирано е  европскиот првак Вардар натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампоните со ПИК Сегед да го одигра во јуни. 
Работите се комплицираат доколку пандемијата продолжи и во наредните месеци за што следува ново сценарио кое може да биде катастрофално за црвено-црните бидејќи предвидува да се прескокнат осминафиналето и четвртфиналето и на завршниот турнир во Келн директно да се пласираат најдобрите две екипи од А и Б- групата . Тоа би значело дека Вардар би останал без шанса да настапи на завршниот фајнал фор каде би настапиле ПСЖ и Барселона од А –групат аи Веспрем и Кил како најдобри во Б- групата.  Да потсетиме дека македонскиот првак  три сезони по ред учествуваше на турнирот во Келн и освои две европски титули.