Loading Video...
Ракомет
20. July 2020 - 19:56

ЕХФ: Еурофарм Пелистер меѓу фаворитите во европската лига

Екипата на Еурофарм Пелистер ќе биде првиот претставник на Македонија во групната фаза од новофoрмираната Европска лига. 
Шанса да се пласираат меѓу 24-те најдобри екипи во ова натпреварување имаат уште и Металург и Бутел. 
Европската ракометна федерација подготви ново натпреварување за новата сезона во ракометните купови. Тоа е Европската лига која според понудата е извонредно силна и квалитетна.  Покрај битолскиот тим Еурофарм Пелистер директен пласман во групната фаза обезбедија уште и Адемар Леон, Ним , Магдебург, Татабања, Висла Плок, Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Кадетен Шафхаузен , Татран Прешов, Алигсас и Бешикташ . Тоа се екипи кои имаат настапи во Лигата на шампионите што секако гарантира големи возбудувања во Битола. 
Македонија може да има уште два претставника во групната фаза доколку Металург и Бутел ги поминат двете квалификациски рунди. 
Ждрепката е на 28-ми јули а првите квалификациски дуели се закажани кон крајот на месец август.