Македонија
14. December 2019 - 18:42

Едукативна сесија за дијабетот и влијанието врз очите за тетовските пензионери

Во рамки на месечните активности, Здружението на дијабетичари „Дијабет Полог“ од Тетово во Пензионерскиот дом во градот одржа бесплатни прегледи и едукација околу дијабетот за тамошните корисници, како и други заинтересирани пензионери и граѓани. Имаше бесплатно мерење шеќер во крвта, како и специјалистички преглед за очите од офталмологот Никола Јовановски.

– Предавањата и честата едукација се важни за сите дијабетичари за да се надминат сите потешкотии со кои се соочуваат, а денес фокусот беше на дијабетот и влијанието врз очите. Затоа се обидуваме со чести месечни акции и едукации што подобро да се подготвиме за да се соочиме и бориме со дијабетот, изјави претседателката на „Дијабет Полог“, Клара Сандева.

Во поширокото тетовско подрачје има 7.200 евидентирани дијабетичари, од нив 4.200 се на инсулинска терапија, а меѓу дијабетичарите 50 се деца.