Македонија
20. November 2019 - 16:40

Една и пол година затвор за Горан Грујовски за Тврдина 2 и во повторената постапка

Една и и пол година затвор доби екс началникот на петтата управа Горан Грујовски за случајот на СЈО Тврдина 2-ова е пресудата, која ја прочита судијката, во празна судница, само во присуство на јавност.

Пресудата е донесена во повторена постапка, а е идентична како и првата, за која Скопска апелација во мај лани одлучи да го врати предметот на повторно судење.

Адвокатот вели дека не е задоволен од пресудата. Најави жалба.

-Не сме задоволни од пресудата. Против истата ќе биде благовремено поднесена жалба, се разбира по приемот на писмениот поднесок од истата, изјави адвокатот Петар Василев.

Грујовски кој веќе 2 години е во бегство во Грција  е осуден за уништување на илјадници докази за прислушувањето.

Инаку тој е и првиот избеган поранешен функционер кој доби пресуда во отсуство.

Во меѓувреме Кривичен не им додели времени пасоши на бизнисмените Орце камчев и  Цветан Панделевски. Ваквата одлука  следи откако негативно мислење даде и обвинителката Лиле Стефанова која ја води постапката за Империја.