Еден потешко и шест полесно повредени во сообраќајки во Скопје
Пешак е потешко повреден во една од вкупно 11 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во шест полесно се повредени девет лица, а четири поминале само со материјална штета.
Вчера полицијата презела казнени мерки кај 25 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четири возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи не отстапиле првенство на минување на возачите во зона на крстосница, а 17 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и пет возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои за време на возење на пат не го носеле заштитниот шлем на глава. Затекнати се и 45 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 70 возила.
Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” со децата од голема група во приватната детска градинка „Пиколини“ која се наоѓа на подрачјето на општина Карпош.
Исто така, Одделението за превенција заедно со „Училишната сообраќајна единица“ ќе преземаат превентивни мерки од областа на сообраќајот на подрачјето на општина Центар поточно вдолж улицата „Димитрија Чуповски“ во непосредна близина на „Порта Македонија“.
Одделението за превенција ќе одржи посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок