Loading Video...
Ф1
24. April 2022 - 18:35

Еден-два победа на Ред Бул на Гранд-прито во Имола

Доминација на болидите на Реде Бул на денешната четврта трка во Ф1 шампионатот возена на патеката Имола за Големата награда на Емилија Ромања. 
 
Актуелниот шампион Макс Верстапен стигна до својата втора победа сезонава, оставајѓи го зад себе тимскиот колега Серхио Перез. 
 
Место на подиумот обезбеди и возачот на Макларен, Ландо Норис кој до последен миг водеше голема битка со сонародникот од Мерцедес, Џорџ Расел. 
 
Лидерот во генералниот поредок Шарл Леклер денеска заврши на 6.место, но ја задржа убедливата предност во однос на Верстапен која сега изнесува 27 бодови. 
 
Следната 5-та трка на програмата е на 8мај  кога во ќе се вози Големата награда на Мајами во САД.