Loading Video...
Ракомет
30. September 2021 - 11:12

Е. Пелистер ги дозна противниците во ЕХФ Европската лига

Вториот македонски претставник на европската ракометна сцена, Еурофарм Пелистер денеска ги дозна своите противници во ЕХФ Европската лига. 
 
Ждрепката ги смести битолчани во групата Д во која за противници ќе ги имаат екипите на: Татабања од Унгарија, грчки АЕК, портигалскиот тим Спортинг, Ним од Франција и екипата на Кадетен Шафхаузен од Швајцарија. 
 
Стартот на Европската лига е закажан за 19 октомври, а по комплетирањето на 10-те кола во четирите групи, најдобрите четири екипи од секоја група ќе обезбеди пласман во осминафиналето.