Балкан
28. јуни 2016 - 15:20

Џихадист на босански јазик упати закани кон христијаните низ цел свет

Нова видео снимка на Исламска држава, што вчера беше објавена на Јутјуб, го активираше алармот меѓу Американците, но и во земејите од Западен Балкан, откако џихадист од снимката на чист босански јазик изнесе закани кон САД, Канада, Австралија, Европа и Балканот, пренесе Танјуг.

Во деветминутното видео закани се упатени кон жителите на Сан Франциско и Лас Вегас, а додека камерата ги покажува снимките од двата града џихадистот го пофалува делото на Омар Матин, кој претходно овој месец уби 49 лица во еден ноќен клуб во Орландо.

Експертите сметаат дека видеото е снимено во Мосул, но снимките од американските градови се автентични.

- Станете, муслимани, убивајте ги христијаните и нивните слуги во нивните градови и нивните држави. Поставувајте експлозиви под нивните автомобили, во нивните куќи и канцеларии. Убивајте ги со снајпери, убивајте ги дури и со ножеви и не правете разлика меѓу војници и цивили, повикува џихадистот на босански јазик.