Македонија
14. March 2018 - 17:33

Џафери на aлбански ја почна прес конференцијата по донесувањето на Законот за јазиците

Претседателот на Собранието Талат Џафери прво се обрати на Албански јазик, а потоа продолжи за инцидентот со пратеникот Никола Груевски. Свесен сум за сите предизвици со кои треба да се соочам кога дојдов на оваа функција .

Нема да дозволам да се врати сликата од 27 април 2017, порача Џафери .

Немам замерка кон граѓаните кои протестираат пред Собранието, рече Џафери, но додаде дека нема да дозволи нереди во собраниската сала од пратениците .