Македонија
25. February 2021 - 19:58

Дводневна конференција за поврзување на младите од Македонија и Грција

Со дводневна конференција која започна денеска, граѓанскиот сектор подготвува терен за отворање на билатерални канцеларии за соработка меѓу младите од Грција и Северна Македонија.

Идејата за канцелариите поттекнува од Преспанскиот договор.

На отворањето на конференцијата се обрати американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнз која истакна дека зголемувањето на свеста за културите кај младите ќе придонесе до подобри резултати во меѓусоседските односи.