Македонија
9. July 2020 - 16:35

Две нови предизборни аудио бомби

Аудио бомби осамнуваат се почесто откако е почната  изборната кампања. На јутјуб денеска е прикачен разговор од кој според медиумите се слушаат гласовите на поранешниот министер за транспорт од ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиески и Александар Николовски кој е носител  на листа во 4 ИЕ од коалицијата Обнова.

Под наслов „Николовски градежна мафија со Нефи во Охрид“  се слуша како Јанакиески му кажува на Николовски за некаков план за згради во Охрид на што добива одговор дека тие се на Нефи Усеини.

„Оооо никако тоа. Тие се на Нефи, овој бандитов, Албанецот. Згради се тие така?“ вели Николовски на што потврда добива од Јанакиески - „Четири згради се, да“.

Потоа Николовски вели „Да, да, од Нефи се тие. Тоа му е дел од договорот, ова, за изборите.“ Во продолжение велат дека се работи за висококатници.

Но ова не е единствената аудио бомба, се  појави и разговор насловен – „Зоран Заев се договорил со Сашо Мијалков“, а се слуша гласот на Заев кој разговара со непознат соговорник а во врска со неговото политичко делување. Тој зборува на кој начин може да се договори како што вели со екс директорот на УБК. Заев во разговорот поставува услов до Мијалков а за возврат вели нема да објавува ништо. 

„Јас преговарав со Сашо. Со Сашо кога се гледавме. Еве јас ако ти ветам дека ќе... м? “

„Нека пушти решение бе, финансовата инспекција писмено решение, дека во Општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо.“

Во вториот разговор Заев зборува за Оливер и Шилегов како излегле директно да маваат како што вели по власта. Соговорникот го препрашува за Шилегов и додава дека бил во второстепена комисија и трпал пари. На тоа Заев одговора дека немал дилема околу тоа што правел и вели дека е океј.