Две лица загинаа во стравична несреќа со самоуправувачка „Тесла“ во САД
Две лица загинаа во американската сојузна држава Тексас, во сообраќајна несреќа во електромобил „Тесла“. Според надллежните во градот Хјустон, „при несреќата никој не седел на возачкото место“, како што стои во известувањето.
Полицијата во Округот Харис соопшти дека едно лице е пронајдено на местото на несреќата на совозачкото седиште, а друго на задното седиште во саботата вечерта. Полицаецот Марк Херман изјави дека истражителите не се сигурни дека некој управувал со возилото за време на несреќата.
– Според положбата на каросеријата, се чини дека тие биле прилично самоуверени додека се возеле, па се чини, никој не управувал со автомобилот, изјави Херман.
Идентитетот на жртвите не е објавен, само се знае дека се на 69, и 59-годишна возраст.
„Тесла“ не одговори веднаш на барањето за коментар. Компанијата, инаку, ги предупредува корисниците дека системот за помош на возачот, наречен „Автопилот“, не е програма за самуправувачко возење и дека мора да се обрне внимание, како и дека возачите мора да бидат подготвени во секој миг да го фатат воланот.
Сепак, Националната алијанса за безбедност во сообраќајот соопштува дека системот им овозможува на возачите да не прават разлика кога може, а кога да не се користи автоматски пилот.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024